AMD прифати да биде санкционирана за да и стави крај на судската постапка против компанијата, покрената пред четири години. Специфичната причина се потрошувачите кои купиле AMD FX-8000/9000 компјутерски процесори во 2011 година, пишува Digital.bg
Во обвинението против AMD се вели дека нивните нови чипови всушност погрешно биле претставени како осум-јадрени архитектури, а нивниот број бил двојно помал. Причината е дека AMD FX-8000/9000 процесорите не се MultiCore.
Наместо тоа, чиповите користат модерни модули Dual-Core со посебни единици за пресметување кои ги делат Single Floating Point Unit (FPU) и кеш меморија.
Според официјалните податоци од AMD, овој дизајн на процесор обезбедува вкупно четири модули со две јадра, така што нивниот вкупен број е осум.
Потрошувачите го поднеле обвинението, сепак, аргументирајќи на суд дека всушност би требало да се класифицираат како четири процесори, а не осум, како што тврди AMD, пишува TheVerge.