Оние кои на своите социјални мрежи често поставуваат селфи фотографии се доживуваат како осамени, а тоа го потврдуваат и најновите истражувања, кои се занимаваат токму со овие елементи во животите на корисниците.
Резултатите на последната студија се објавени во Journal of Research in Personality, а под наслов “Check Your Selfie before You Wreck Your Selfie.” Во истражувањата учествувале 119 студенти, чија задача била да ги оценат Instagram профилите на 30 корисници, и тоа врз основа на 30-те последни постови. Потоа ги оценувале сопствениците на профилите, а врз основа на 13 атрибути, и оние кои често поставуваат селфи фотографии ги оцениле како лица кои не живеат динамичен живот и не се успешни во работата со која се занимаваат. Покрај тоа, ги оцениле и како повеќе осамени од оние кои поставуваат фотографии кои ги снимиле другите.
Истражувачите заклучиле дека не е битно што се наоѓа на фотографиите, па како негативни биле доживувани и оние профили на кои се наоѓаче премногу селфи фотографии кои биле снимени на егзотични дестинации, во текот на активности кои се сметаат за привлечни, а најмногу биле критикувани фотографиите кои ставаат акцент на телесната подготвеност на корисниците – како селфи на кои корисниците ги покажуваат мускулите и останатите резултати од вежбањето.