Исчезнува Сибир каков што го познаваме (ВИДЕО)

Покрај непогодите со пожарите во Амазонија, во светот постои уште една природна катастрофа за која научниците велат дека многу ги загрижува. Тоа е забрзаното топење на ледот. Арктикот и голем дел од Сибир се загреваат најмалку двојно побрзо од остатокот од светот, а како резултат на тоа поголемиот дел од ледот исчезнува.

Необичната појава, главата на праисториски волк од североистокот на Сибир, стара повеќе од 32.000 години, е сочувана во ледот на 20 метри под земјата.

Претходно биле откриени целосно замрзнати мамути. Топењето на поголемиот дел од ледот е предизвикано од глобалното затоплување, сметаат научниците. Јакутија е едно од најстудените населени места на Земјата. Се наоѓа на огромна површина. Топењето на ледот го уништува земјиштето, а со тоа и куќите и шталите.

Речиси секоја пролет на ова место се случуваат поплави. Водата, која веќе ги има уништено патиштата и ги подигнала труповите од гробиштата, се заканува дека ќе ја поплави целата земја. Тамошните жители се во голема опасност. Велат дека се чувствуваат беспомошно.

„Сè се менува. Луѓето се обидуваат да се прилагодат. Потребно е да се врати студот. Станува сè потопло и потопло“, вели Афансил Кудрин, земјоделец од Налимск, село со 525 жители.

Климатските промени се глобален феномен, но се промени кои директно влијаат на Русија, каде што трајниот мраз покрива речиси две третини од земјата. Трајниот лед достигнува и до километар и половина во длабочина.

„Луѓето не ги забележуваат размерите на овие промени, ниту владата се занимава со тоа“, вели Александар Федоров, заменик-директорот на Институтот „Мелјников“, истражувачко тело во Јакутија што се занимава со истражување на поголемиот дел од ледот.

Јакутија зафаќа 20% од Русија, пределите се непрегледни, а сообраќајот е ограничен. Во оваа областа живеат помалку од милион луѓе. На далечниот североисток, кој во целост се наоѓа над Арктичкиот Круг, лежи областа на Среднеколимск, со големина на една Грција.

Тука во десетина села живеат околу 8.000 жители. Летото во ова место некогаш траело од 1 јуни до 1 септември, но сега почнува неколку недели порано и исто толку време подоцна завршува. Јануарските температури од – 59 степени Целзиусови се качени на околу – 46 степени.

„Просечната температура на годишно ниво на ова место е качена за околу 3 степени, од – 10 до – 7,5 степени Целзиусови“, наведува Федоров.

Топлите зими и долгите лета полека ја топат замрзнатата земја, која покрива 90% од Јакутија. Површинскиот слој секое лето се топи, а потоа повторно замрзнува во зимата. Сега е стопен слојот и до три метри длабочина, додека претходно длабочината до каде се топел ледот изнесувала нешто помалку од еден метар.

Земјата исто така е влажна. Снегот и дождовите формираат изолационен слој што го забрзува топењето на длабоките слоеви. Речиси секоја година доаѓа до поплави. Не само што се променети рутите по кои ирвасите се движат, туку и во шумите се појавуваат непознати видови инсекти и билки.

Ловците во Налимск, 18 километри северно од Среднеколимск, некогаш рибите ги сладирале седум метри длабоко во пермафрост, кој претставувал еден вид природен замрзнувач. Сега месото скапува.

Селото Берјозвок се поплавува секоја пролет веќе со децении. Околу 300 жители секогаш кога има поплави мораат да се качат на брод за да не се удават. Има голем број напуштени села. Нивната култура полека исчезнува.

Мештаните се препуштени самите на себе. На државните организации и институти им недостигаат средства поради комплицираната работа на теренот. Не може адекватно да одговорат на топењето на трајниот мраз.

Додека поголемиот дел од ледот се топи, делови од земјиштето тонат и се формира терен со наизменични кратери и брегови.

Земјоделците во Јакутија ги имаат заменето кравите со домашни коњи. Тие помалку јадат, но даваат и помалку млеко, а пазарот на коњско месо е ограничен. Кога за време на потрагата по храна копитата нема да им издржат низ снегот и ледот, тие умираат.

Николај С. Макарков ѕида нова куќа. Вели дека е изморен од реновирање на старата, која потонала веќе четири пати. Пред многу години селскиот пат бил рамен, а по целата негова должина се гледале штали. Сега оваа патека е исполнета со кратери. Речиси едвај личи на пат. Напуштените куќе се издигаат под чуден агол.

„Како на ова место да се случила војна“, вели Макарков, чија нова куќа е издигната од земјата со столбови закопани пет метри во пермафростот.

„Наскоро нема да има земјиште на кое ќе можеме да градиме куќи во ова село. Јас ќе живеам уште триесет или четириесет години и се надевам дека куќата ќе ми потрае толку“, вели Макарков.