Во некој претходен период, корисниците ги надградуваа своите смартфони на секои две години. Меѓутоа, изгледа дека технологијата на паметни телефони го достигна врвот до мерка каде што растот на перформансите со секоја верзија е се помал. Тука секако треба да се спомене и цената, која се повеќе излегува од контрола и се почесто ја преминува сумата од 1000 долари / евра.
Поради тоа, не претставува големо изненадување сознанието дека, според неодманешното истражување кое го спроведе компанијата Strategy Analytics откриено дека циклусот на надградба на смартфоните е подолг од порано. Врз основа на нивното истражување, откриено е дека просечниот циклус на надградба во САД сега е на секој 33 месеци, што значи дека купувачите во просек ги надградуваат своите телефони еднаш, во текот на секој три години.
Секако, овој циклус на надградба варира од бренд до бренд, па за уредите на Apple истражувањето покажа дека просечен iPhone е активен 18 месеци, додека просечен телефон на Samsung е активен 16,5 месеци. Возраста, односно староста на корисникот, исто така, игра улога во одредувањето на надградбата, каде што оние постарите од 55 години имаат тенденција подолго да ги задржат своите смартфони, додека оние помладите почесто се одлучуваат за надградба.
Поврзани артикли