Како поскапо да се продаде користен автомобил

Автомобилите се потрошна роба, а купувањето нов автомобил е често проект кој трае со години. Од изборот преку цената до најважното – сооднос пари и квалитет, се се тоа работи на кои треба да внимава при купување автомобил, без разлика дали станува збор за нов или користен.

Не само купувањето, туку и продажбата на автомобил исто така може да биде тешка задача, а постои цела низа на работи кои можат да ја зголемат цената на вашиот лимен љубимец.

Постојат три основни работи што купувачите ги гледаат при купување на користен автомобил. Тоа се општата состојба, историјата на сервисирање и километражата. Сите три работи се резултат на години на нега на автомобилот и не се нешто што може да се санира или поправи преку ноќ.

Не треба ниту да се каже дека е нужно автомобилот да нема вдлабнатини или гребнатини, бидејќи веднаш губи на цена. Во однос на километражата, идеално е автомобилот да се продаде додека не поминал 100.000 километри. Исто така, треба да се сервисира на секои 20.000 километри или еднаш годишно.

Во овој контекст, идеално време да се продаде автомобилот по максимална цена е по три години употреба, под услов да не поминал 100.000 километри.

Се разбира, автомобил лесно може да се продаде и подоцна, но со секоја измината година неговата цена паѓа.

Ова се всушност основните работи на кои треба да се внимава кога се продава автомобил. Но тука се уште цела низа причини кои можат повеќе или помалку да влијаат на цената. На пример, состојбата и староста на гумите, датумот на последниот технички преглед или нешто трето. Понекогаш и годишното време има големо значење. На пример, ако продавате кабриолет, тоа треба да го сторите во рана пролет, затоа што тогаш почнува сезоната за возење со ветер во коса, а тоа за вас значи и повисока цена. Обратно, ако купувате тоа значи дека треба да го купите во есен, за да го возите следната пролет.

Извор: Додај Гас