Пред неколку дена, кинеската компанија OnePlus најави дека следниот месец ќе го претстави OnePlus TV. Компанија тогаш не објави никакви детали за телевизорот, но сега е потврдено дека ТВ уредот ќе има 55-инчен QLED дисплеј.
Засега има малку детали за OnePlus телевизорот, но се очекува дека ќе има HDR панел, Bluetooth далечински управувач и AI асистент.
Засега не е познато колку верзии од овој телевизор ќе претстави OnePlus следниот месец, но ако се точни гласините, се очекуваат четири ТВ уреди на кинеската компанија на пазарот.
OnePlus TV најпрвин ќе се појави во Индија, а компанијата подоцна планира и ширења на пазарите во Европа, Северна Америка и Кина.