Астрономите неодамна снимиле мистериозни сигнали кои дошле од нашата галаксија, пишуваат од британското „Метро“.
Тие, како што се наведува, снимиле осум пократки звучни сигнали во траење од една милисекунда. Ги снимил канадскиот телескоп CHIME во Британска Колумбија.
Експертите сè уште не успеале да го утврдат потеклото на сигналите, но додале дека не можат да ја отфрлат можноста тие да доаѓаат од некаква “цивилизација на вонземјани некаде длабоко во вселената“.
Канадските астрономи наведуваат една теорија според која можно е овие сигнали да се создатат и од ефектот на неутронските ѕвезди кои се судираат со црните дупки.
Експертите објаснуваат дека сигналите ги создаваат таканаречени магнетари – неутроснки ѕвезди кои имаат неверојатно силно магнетно поле.
Меѓутоа, таа теза е доведена до прашање кога еден сигнал бил припишан на “спиралната галаксија оддалечена 7.9 милијарди светлосни години која потсетува на нашиот Млечен пат“.
Астрономите заклучиле дека секоја галаксија како нашата може да создаде такви сигнали.
Извор: B92.net