Производителите на електрични автомобили едноставо се „тркаат“ чиј модел ќе има поголема автономија со едно полнење на батеријата. Tesla го гради својот елитен статус со тврдење дека е супериорен во однос на кој било конкурент, поради што клиентите чекаат и по две години за својот автомобил. Но, колкава е реалната автономија на електричните возила?

Тимот на магазинот What Car? направиl свој тест за да се утврди вистинската автономија на електричните автомобили во реални услови на возење, бидејќи официјалните фабрички податоци се засноваат на лабораториски услови.

Вистинскиот опсег на автомобилот варира во зависност од конфигурацијата на возилото, возраста и состојбата на батеријата, стилот на возење, условите за возење.

Истражувањата покажале дека стандардниот Tesla Model 3 има значително помал опсег од оној што е деклариран, иако од британската филијала посочуваат дека користат резултати врз основа на новиот WLTP стандард.

Во брошурата на Tesla за моделот кој се продава во Велика Британија наведено е дека автономијата е 408 километри, а Model 3 на тестот поминал 290 километри.

Разликата е уште поголема кај поскапата варијанта на Model 3, која се продава за скоро 55.000 евра. Рекламата за поскапата варијанта вели дека со едно полнење може да се поминат 529 километри, но од „What Car?“ велат дека е можно само 384 километри, што е скоро 30% помалку од декларираното.

Се разбира, Tesla не е единствената компанија чии фабрички податоци се разликуваат од реалните, како што е случај со конвенционалните бензински и дизел мотори.

На пример, е-Golf на Volkswagen според компанијата може да помине 300 километри помеѓу две полнења, додека во пракса тоа е само 188 километри.

Слични резултати имаат и конкурентите на Tesla. Популарниот во Европа Hyundai Kona Electric треба да гарантира 450 километри, но во реалност тоа е сведено на 416 (рака на срце ова е најмалата разлика).

Производител / Модел / Фабрички опсег / Тест

Hyundai / Kona Electric / 459 км / 416 км
Jaguar / I-Pace / 477 км / 405 км
Kia / e-Niro / 451 км / 405 км
Tesla / Model 3 Performance / 496 км / 382,5 км
Tesla / Model X 100D / 523 км / 373 км
Tesla / Model S 75D / 414 км / 326,5 км
Audi / E-tron / 355 км / 313,5 км
Tesla / Model 3 Standar / 408 км / 291 км
BMW / i3 / 310 км / 265,5 км
Renault / Zoe / 298 км / 233 км

Извор: Додај Гас