Огромните гејминг монитори вообичаено имаат специфичен проблем – целиот простор кој го нудат за приказ на содржините може да го проголта остатокот од просторот на работната маса, лимитирајќи го слободното место за сместување на звучници, периферии, па дури и самиот PC. Samsung има едноставно решение за овој проблем.
Компанијата го претстави Space Gaming мониторот (SR75Q), кој ја користи познатата формула на Space монитор со мало заземање на простор, а при тоа и е привлечен на публиката која повеќе внимание посветува на фрејмрејтот и добриот приказ на сликата, отколку на самата резолуција. Мониторот има 32-инчен дизајн кој овозможува панелот да се постави до ѕид, доколку не постои доволно простор, но исто така, наместо 4K резолуција користи 2560 x 1440p. Тука е и брзото освежување од 144Hz и поддршка за AMD FreeSync.
Како и кај Space монитор моделите, можно е да се скрие кабелот за напојување и HDMI за дополнително да се искористи слободниот простор на масата. Samsung не ја објави цената на Space Gaming мониторот, а кој ширум светот се очекува во текот на четвртото тримесечје на оваа година.