Apple е одговорен, директно или индиректно, за 2,4 милиони работни места во САД, што е за 20% повеќе од 2 милиони, проценети од технолошката компанија во 2017 година, тврдат извори од Купертино.
Производителот на iPhone соопшти дека неговата директна работна сила пораснала од 80.000 на 90.000 за две и пол години, во споредба со нејзината последна проценка за работните места во САД.
Но, најголемиот дел од растот доаѓа од компании како Broadcom, кои прават компоненти во САД за Apple, и развивачи на софтвер кои градат апликации за уреди со Apple.
Работните места, поврзани со апликации, изнесуваат 1,9 милиони, што е за 325.000 повеќе од претходната проценка, соопшти компанијата со седиште во Калифорнија на својата веб-страница.
Apple не прецизираше како дошле до своите проценки или како е финансирана студијата. Индикациите за индиректно создавање работни места може да варираат во зависност од тоа како се врши анализата.
Компанијата е критикувана, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп, за склопување на повеќето свои производи во Кина. Apple, од своја страна, тврди дека потрошиле 60 милијарди американски долари за производи и услуги од американски добавувачи во 2018 година и планира да ги зголеми тие трошоци на 350 милијарди долари до 2023 година.
Apple соопшти дека во декември ќе потроши една милијарда долари за изградба на нов кампус во Остин, Тексас, за 15.000 вработени и ќеотвори работни места во Сиетл, Сан Диего и Калвер Сити, Калифорнија.
Поврзани артикли