За само неколку моменти дознајте дали морате да ги промените вашите лозинки.
Според Google, 1,5 отсто од лозинките што се користат во пребарувачот Chrome не се безбедни. Иако ова се чини како мал процент, не смееме да заборавиме дека интернетот го користат милијарда луѓе.
Затоа, компанијата во февруари ја претстави новата функција за Chrome што проверува дали вашите лозинки се безбедни.
Апликацијата „Password Checkup“ е бесплатна која скенира база на податоци во која се наоѓаат 4 милиони компромитирани лозинки и потоа го известува корисникот дали неговите лозинки се безбедни или веднаш треба да ги промени. Со овој податок, Google објави и прилично вознемирувачка статистика.
Податоците собрани од резултатите до кои дошла апликацијата, покажуваат дека ја презеле 650.000 личности, а по скенирањето, 316.000 лозинки биле небезбедни.
Меѓу лозинките се наоѓаат и оние за банкарски сметки, мејлови и други профили на веб-страниците. Најголемиот проблем било користењето на истата лозинка на неколку места.
Извор: Telegraf.rs