Twitter корисникот Komashi укажува на идејата дека претстојната PlayStation 5 конзола би можела да има GPU со работен такт од 2GHz. Во објаснувањето во твитот, се истакнува дека ова му одговара на 9.2 TF на RDNA архитектура.
Ова би било големо зголемување кога се во прашање перформансите. Се истакнува дека GPU ќе има три брзини на такт на кои ќе работи: 0.800GHz, 0.911GHz и 2.0GHz. Првите две брзини на такт се компатибилни и со PS4 и PS4 Pro
Под претпоставка дека овие протечени информации се точни, PlayStation 5 би требало да биде во состојба без проблеми да работи на 4К. Покрај ова, конзолата од наредна генерација ќе има и 4К поддршка. PlayStation 5 наводно би требало да биде објавен во февруари 2020. Година, така што досега ќе бидат познати повеќе информации за конзолата.
Поврзани артикли