Јапонците создадоа роботска опашка за луѓе (ВИДЕО)

Јапонски научници развиваат нешто што може да ги реши проблемите на луѓето кои страдаат од нарушување во рамнотежата и движењето. Тим на Универзитетот „Keio“ во Токио развива роботска опашка која им помага на луѓето да одржат рамнотежа како животните.

Чудниот изум е инспириран од цицачи и други ‘рбетници кои ги користат нивните опашки како дополнителен екстремитет. Опашката, долга околу еден метар, е прикачена на половината на една личност, а по изглед е слична на нештата што се гледаат само во СФ филмовите.

Кога ќе се монтира на луѓето, функционира како противтежа. На него се наоѓаат четири вештачки мускули кои можат да го соберат или да го шират со користење на пневматски систем кој управува со движењето на опашот. Со оглед на тоа дека опашот е споен со цевки за воздух на тој систем, не е целосно мобилен, па не можете да се прошетате далеку, но научниците се обидуваат да направат и мобилна пневматика, па веруваат дека би можел да им користи на работнциите во фабрики кои ракуваат со тешки товари.

Опашката е опремена со сензори и четири вештачки „мускули“ кои овозможуваат движење според желбите на сопственикот на уредот. На пример, ако се преместите надесно, опашката ќе се префрли налево и така натаму. Движењето на опашката помага да се подобри стабилноста и рамнотежата на една личност.

Проектот, со име Arque, го водат Јамен Сараиџи, Џуничи Набешима и Кута Минамизава.

„Се прашувавме како можеме да го подобриме човечкото тело преку технологија“, изјави Сараиџи за Си-Ен-Ен.