Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат компаниите „Тенсент“ и „Баиду“, а компаниите се рангирани врз основа на најразлични критериуми, вклучувајќи го делокругот на претпријатието, капацитетот за иновации, перспективата на компанијата и усогласеноста.
Според извештајот, вкупната потрошувачка за истражување и развој на овие 100 компании се искачи на околу 21,86 милијарди американски долари минатата година, што е за 45% повеќе од претходната година. Овие компании вкупно пријавиле околу 80.000 иновации.
Приходот на „Алибаба“ порасна за 42 проценти на 16,3 милијарди долари во првиот фискален квартал до 30 јуни.