Освежената Galaxy A серија на Samsung е исклучително популарна ширум светот, а судејќи според најновите протечени информации, следните смартфони од Galaxy A линијата ќе имаат најмалку три камери на задната страна, а во некои случаи дури и четири.
Протечениот распоред пружа детали за секој Galaxy A телефон што е планиран за 2020. година, како и неговите конфигирации на камерите. Ќе постојат барем осум смартфони и седум различни главни камери – од 13MP до 18MP. Како и во текот на оваа година, ултрашироките сензори ќе бидат главна одлика на Galaxy A телефоните.
Од листата е видливо дека на моделите од понизок сегмент, како што се Galaxy A21, A31 и A41 им недостасува телефото опција на камерата и тие се држат до стандардниот и ултраширок сензор. Од друга страна, моделите од повисокиот сегмент (Galaxy A81 и Galaxy A91) ќе имаат телефото опции.
Galaxy A81 и Galaxy A91 исто така би требало да ги имаат новите ISOCELL сензори на Samsung: 64MP кој може да креира 16MP фотографии и 108MP кој креира 27MP фотографии.
Поврзани артикли