Потрагата по место погодно за живот во нашата или некоја од соседните галаксии не запира. Сепак, по сите новооткриени планети, доажаме и до такви на кои животот не е возмножен „ни под разно“.
Проксима Б е планета која изгледаше ветувачки кога беше откриена. Орбитира околу Проксима Кентаури, црвена џуџеста ѕвезда на 4.24 светлосни години оддалечена од Земјата. Егзопланетата ги заинтересира астрономите кои мислеа дека има вода и својства слични на Земјата. Сепак, во скоро време излезе дека тотално не се во право.
Проксима Б е толку блиску до Проксима Кентаури што егзопланетатаја завршува орбита за 11,2 дена. Исто така е привремено неподвижна, оставајќи ја едната страна смртоносна топла, а другата фатално студена и замрзната. Меѓу двете страни, средишното тло е поумерено. Сепак, тој регион веројатно нема да го издржи животот, заради Проксима Кентаури. Како што споменавме, Проксима Кентаури е црвено џуџе. Една карактеристика за ваквите sвезди е нивната тенденција да ослободуваат соларна светлост на секои два до три месеци, што ги погодува планетите кои орбитираат околу неа. Овие пожари ги уништуваат озонските слоеви на тие планети, правејќи ги ранливи на ултравиолетово зрачење. Еден ваков настан е забележан на 24 март 2017 година, кога Проксима Кентаури испрати соларен пламен кон егзопланетата Проксима Б. Сјајот беше толку интензивен што ѕвездата стана 1000 пати посветла за само 10 секунди. Проксима Б доби 4.000 пати поголемо зрачење од она што го создаваат пожарите на Земјата.