OnePlus во септември минатата година најави планови за влез на пазарот на телевизори. Оттогаш, компанијата и се обрати на својата база на фанови за да се одлучи името на претстојниот уред, а изгледа дека конечното име ќе биде OnePlus TV.
Кинеската компанија се одлучи за едноставно име, бидејќи ниту едно друго име не може на најдобар начин да ја репрезентира вредноста, визијата и гордоста на компанијата. Во форум објавата, претставник на компанијата OnePlus го прикажа и процесот на креирање на логото, како и фактот дека OnePlus одлучил да го задржи препознатливото лого на компанијата со додаток на TV во името.
Компанијата тврди дека инспирацијата ја пронашла во класичните уметнички форми, како што се древните Хинду мандала симболи, како и грчките храмови. OnePlus TV се уште е во развој, но компанијата ветува дека наскоро ќе објави уште интересни вести.