Сјајна огнена топка прелетала над египетска пирамида (ВИДЕО)

Снимките од наводното појавување на НЛО, снимени над пирамидите во Египет, предизвикаа неверојатни тврдења дека вистинските градители на пирамидите се вратиле да ги видат своите дела, пренесува „Спутник“.

Снимката покажува блескава бела огнена топка како се спушта низ небото над египетската пирамида, кога одеднаш белата топка пука и тргнува во спротивна насока од вселенската карпа. Видеото е снимено од турист и поставено на кинескиот јутјуб-канал „Бизарен свет“ уште во јуни.

Иако повеќето коментатори тврдат дека мистериозниот предмет е дел од метеор, имало и предлози дека станува збор за летечка чинија.

„НЛО прелетува по небото како метеор, но потоа дел од него исфрла друга бела топка и таа патува во спротивна насока“, напиша Скот Ц. Варинг, истакнат ловец на НЛО, на својата веб-страница „ЕТ датабејз“.

Нема сомнение дека предметот на снимката е вонземски, но мислењата се разликуваат за тоа дали станува збор за природен феномен или за производ на интелигентен живот.