Некогаш многу популарната платформа за блогирање, Tumblr стана дел од сопственоста на компанијата Automattic, која во својот посед го има и популарниот WordPress.
Во текот на мај оваа година, досегашниот сопственик на Tumblr, Verizon објави дека планира продажба на сајтот за микроблогинг, откако компанијата во 2017. година го купи од Yahoo за 350 милиони долари. Verizon има доста причини да го продаде Tumblr, со оглед на тоа дека платформата изгубила многу од некогашната популарност и секако не ги исплатува вложените средства.
Извршниот директор на Automatticc истакнува дека аквизицијата на Tumblr е најголемото купување на компанијата, како во поглед на цената, така и во бројот на вработените кои работат за сервисот.
Конкретната цена по која е купен Tumblr не е позната, но се наведува дека е значајно под 20 милиони долари. Доколку тоа е точно, Tumblr забележал автоматски пад на вредноста, бидејќи во 2013. година Yahoo го купи овој сервис за 1,1 милијарди долари.