Вестите дека Facebook ја загрозува приватноста на корисниците повеќе не претставуваат изненадување и станаа вообичаени. Овој пат, според наводите на Bloomberg, компанијата им плаќала на надворешните договорители да вршат преслушкување и бележење на аудио/гласовни пораки од Facebook Messenger. Договорителите истакнуваат дека ги слушале разговорите на корисниците, понекогаш и со вулгарна содржина, но знаат поради што на Facebook му се потребни транскрипти од овие пораки.
Facebook потврди дека вршел бележење на гласовните пораки, а истакнал дека тоа повеќе нема да го прави. Компанијата истакнала дека како Apple и Google, го преслушувањето на аудио содржините од луѓето уште пред една недела.
Според наводите, причината поради која луѓето се користени за прислушкување на приватни разговори е во тоа за да се провери дали вештачката интелигенција на Facebook правилно ја интерпретира пораката.
Извршниот директор и основач на Facebook, Марк Цугерберг претходно пред конгресот на САД негирал дека компанијата собира звучни содржини од корисниците за да формира релевантни реклами, или одредува што корисниците можат да видат на своите news feed-ови и сето ова го нарекол “теорија на заговор”.