За да можете да ја прикажете сликата од вашиот смартфон на ТВ потребно е да имате уред со компатибилна верзија на Android
Спојувањето на Android смартфон со телевизор е едноставно и релативно лесно да се направи се додека поседувате Chromecast. Некои корисници имаат потреба да го поврзат својот мобилен со телевизорот и тоа од неколку причини: еден од нив е гледањето Pickbox или Netflix на ТВ или прикажување на различни видеа кои се сместени на телефонот, како и прикажување фотографии или играње игри.
Но, за воопшто да можете да ја прикажувате сликата од вашиот Android телефон на телевизор, првата работа што треба да ја имате е компатибилен Android оперативен систем.
Уште една битна работа што треба да ја имате пред спојувањето на ТВ приемникот е – Google Chromecast. Иако постојат некои алтернативни уреди (како што е на пример Roku), се препорачува да имате Chromecast. Што е сигурно – сигурно е. можете да го пронајдете во секоја продавница за техничка опрема.
Проверувањето на Android верзијата која е инсталирана на вашиот смартфон се прави на едноставен начин: одете на Settings – About your phone и побарајте го она што го пишува под Android version.
Google на своите официјални страници напиша дека секој Android уред (таблет или смартфон) со Android 4.2.2 или понов може да го покрене Chromecast. Сепак, треба да се има на ум дека некои уреди се покомпатибилни од други. Од таа причина, Google толку се потруди што направи листа на сите оптимизирани уреди.
И сега кога откривме која верзија на Android ја има нашиот уред и кога дознавме дека нашиот уред е компатибилен за да се спои со ТВ, прашањето е како да го споите уредот за да ја испраќа сликата на телевизор? Тоа ќе го обработиме во следните неколку чекори.
- Најпрвин погрижете се на вашиот уред да е инсталирана Google Home апликацијата. Google Home лесно и брзо може да се симне од Google Play Store.
- Вашиот Android уред треба да бие споен на истата WiFi мрежа на која е поврзан и вашиот уред кој во себе го има Chromecast.
- Со кликнување на Google Home апликацијата, скролајте надолу се додека не наидете на мени кое ги содржи опциите Cast Screen/Audio.
- Одберете уред на кој сакате да се поврзе вашиот Android уред и преку кој сакате да ја испратите сликата. Откако тоа сте го направиле, кликнете на синото копче по што конекцијата би требало да биде остварена.
Постои уште еден начин на спојување. Овој начин може да се пронајде на некои видови паметни телефони, додека на други го нема. Одете на менито за брзи поставки (quick settings), кое може да се пронајде со скролање надолу.
Ако се достапни опциите Емитување на екранот, ”Cast” или ”Cast Screen”, со клик на една од нив, исто така можете да го изберете уредот што сакате да го споите со вашиот Android уред. Овој начин е малку побрз од првиот начин во кој треба да отидете на Google Home апликацијата
Веднаш откако ќе почне емитувањето и прикажувањето на сликата на екранот на вашиот ТВ приемник, ќе видите предупредување на лентата за известување. Ова предупредување ќе ви даде до знаење дека почнало емитувањето на екранот на мобилниот, како и тоа дека емитувањето можете да го прекинете во било кој момент.
Поврзани артикли