WhatsApp подготвува апликација за десктоп и таблет

WhatsApp во 2015 година ја презентираше десктоп верзијата на својата апликација која покажуваше разговори од мобилна верзија.

Меѓутоа, за да ja користите, вашиот телефон мораше да биде поврзан на интернет. Тоа наскоро би можело да се промени.

Најновите извештаи укажуваат на тоа дека компанијата развива апликација за универзалната Windows платформа (UWP), заедно со нов систем на повеќе платформи кој може да работат дури и кога телефонот е исклучен. Исто така, во подготовка се апликации и за Mac и таблетот на Apple, iPad.

Тоа може да биде голема работа за апликација која има над 1,5 милијарди активни корисници ширум светот.

На тој начин ќе бидете во можност да стапите во контакт со пријатели дури и кога ќе ви се потроши батеријата на телефонот.