Новиот Galaxy Note10+ 5G, за прв пат претставен на минатонеделниотUnpacked настан во Њу Јорк, има најдобра предна и задна камера, како и најдобри резултати од снимање на видеа, според DxOMark, познат сајт кој е специјализиран за рецензија на камери. За време на тестирањето уредот го освои првото место со својата задна камера со севкупниот резултат од 113 поени, додека ја задржа и шампионската позиција на DxOMark Selfie скалата со предната/селфи камера и освоени 99 поени.
Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ ги користат најсовремените алатки за да се направат неверојани видео снимки и фотографии со врвен квалитет, без потреба од додатна опрема. Телефоните имаат Live focus видео и Zoom-In микрофон со цел подобрување на визуелните и звучните содржини на видеата, додека новиот Super steady систем ги стабилизира снимките.
Корисниците на Galaxy Note10можат да ги средуваат своите слики и снимки додека се во движење, без потреба на поврзување со компјутер, а благодарејќи му на S Penтие можат да го изберат точниот момент кој што сакаат да го исечат. Додатните бенефити вклучуваат Снимање на екран, AR Doodle, 3D скенер и ноќен мод за работа на предната камера.
DxOMark е специјализиран сајт кој работи на проценка на квалитетот и оценување на камери, леќи на камери, како и квалитетот на фотографиите на смартфоните. Уредите поминуваат низ ригорозни тестови, а конечната проценка ја дава тим на инженери кои го тестираат квалитетот на фотографиите и видеата со надеж дека на корисниците ќе им претстават сигурен извештај за перформансите на камерите на смартфоните.