Во Русија во иднина статусот на студентите ќе зависи од системите за вештачка интелигенција, изјави директорот на универзитетскиот центар EDCrunch University при Националниот истражувачки технолошки универзитет MISIS во Русија, Нурлан Кијасов.
Според неговите зборови, врз основа на податоците кои ќе се добијат преку дигитален мониторинг на студентите, системот ќе ја оцени нивната работа, активноста во предавањата, социјалниот живот и однесувањето.
Како што истакна Кијасов, со помош на вештачката интелигенција ќе се елиминира пристрасноста на професорите.
Системот ќе биде тестиран на неколку избрани универзитети, а се очекува неговата имплементација да започне оваа година. До 2021 година, на одделни универзитети ќе се применуваат експериментални прототипови.
Кијасов тврди дека препораките за вештачка интелигенција нема да бидат обврзувачки, а конечната одлука за судбината на студентот ќе ја донесе деканот.
Според Министерството за образование, минатата година од универзитет во Русија се исфрлени 16,8 проценти студенти. Експертите веруваат дека воведувањето вештачка интелигенција ќе го намали тој индикатор на десет проценти.
Извор: vesti-online.com