Тим научници од Институтот Макс Планк во центарот на галаксијата Holm 15A ја пронајде досега најголемата црна дупка.

Оддалечена 700 милиони светлосни години оваа црна дупка е двојно поголема од претходната. Има 40 милијарди пати поголема маса од Сонцето и 10.000 пати поголема маса од црната дупка во срцето на Млечниот Пат.

Тимот астрономи ја забележа црната дупка со употреба на телескоп, а податоците од опсерваторијата во Чиле им помогна детално да ја мапираат структурата на црната дупка Holm 15A и да извршат симулации за да ја објаснат формацијата на галаксиите и нивниот центар.

Црната дупка е толку можна и голема така што веќе ги проголтала најблиските ѕвезди или ги отфрлила кон работ на галаксијата.