Денешните автомобили се опремени со многу современи технологии. Многу од нив донесуваат комфор кога се користат, но исто така и голем проблем со сигурноста.
Една од тие технологии е системот за управување со возилото без клучеви. Под ова се подразбира не само стартување на моторот со притискање на копче, туку буквално безконтактно и целосно автоматско отклучување на вратата од автомобилот.
Истражувањата покажуваат дека за кражба на некои од новите автомобили, потребни се секунди, што за жал, се потврдува и во пракса. Така британското издание WhatCar? истакнува дека бројот на кражби на автомобили во Велика Британија се зголемува од година во година.
За да докажат за што станува збор, на тест ставиле седум модели за да се уверат колку време е потребно за нивно отуѓување. Прв се „предал“ DS3 Crossback, луксузниот кросовер на Citroen, кој капитулирал по само пет секунди, а дополнителни пет секунди биле потребни за крадците да заминат со него.
Следниот кој „паднал“ е Land Rover Discovery Sport. Кражбата траела 10 секунди, а уште 20 биле потребни за автомобилот да се запали и да се отиде со него.
Магазинот вниманието го насочува и на оние индивидуални производители кои вметнуваат заштита во нивните keyless системи. Затоа, тие приврзоци не емитуваат сигнали во фаза на мирување. Ова е причината зошто тест-тимот не успеа да пробие во Audi TT RS Roadster, BMW X3, Ford Fiesta и Mercedes A-Class. Но, ако сопственикот и неговиот далечински клуч се движат, работата е иста како и во случајот со другите. За „спортистот“ на Audi се потребни 10 секунди, а за останатите споменати е потребна една минута.
Единствениот автомобил кој тимот на магазинот не успеал да го „среди“ целосно е Land Rover Discovery. Успеале да влезат во него, но не и да го стартуваат и да го однесат.
Извор: Додај Гас