Фејсбук повторно е предмет на голема истрага, овој пат околу технологиите за препознавање на лицa. Компанијата се соочува со закана да мора да плати уште неколку милијарди долари казни за пресудата на Апелациониот суд со кој се отфрла нивната жалба. Всушност, Фејсбук е обвинет за кршење на законот за приватност на биометриските информации.
Адвокатите на социјалната мрежа не успеаја да ги убедат надлежните за исправноста на нивните тврдења. Според одлуката, Фејсбук треба да ги информира потрошувачите кога користи биометриски податоци, вклучително и софтвер за скенирање на лице. Една од најсериозните апликации на таквата технологија е системот за обележување, кој ги идентификува луѓето на фотографиите што ги прикачуваме, пренесува DigialTrends.