Twitter вчера објави детали за можни проблеми со споделување на податоци. Според компанијата, можно е со огласувачите да биле споделени кориснички податоци за кои Twitter немал дозвола. Исто така, Twitter наводно можел да понуди претпоставки за уредите што ги користат корисниците, исто така без нивна дозвола.
Во блог-објавата, Twitter објасни дека доколку некој корисник кликнел или прегледал оглас на некоја од мобилните апликации на услугата, од мај 2018 година, можно е услугата да споделила информации за кодот на државата од каде потекнува корисникот. Исто така, од септември минатата година, Twitter им покажува реклами на корисниците врз основа на претпоставки за кој уред го користел корисникот. Овие податоци се останати во базата на податоци на Twitter, а гличот бил исправен на 5 август. Твитер посочува дека сè уште истражува кој може да биде засегнат од овие проблеми.
Ова не е првпат Твитер да се најде на удар поради проблеми со безбедноста на корисниците. Во текот на мај, багот предизвика случајно да се чуваат и споделуваат некои информации за локацијата на iOS. Компанијата исто така своевремено продала пристап до податоци на истражувачите од компанијата Global Science Research (GSR). Овој пат, не станува збор за протекување на податоци што можат да им наштетат на корисниците, но тоа сигурно не оди во прилог на угледот на Твитер.