Користејќи генетски алатки во експерименти со глувците, истражувачите од Медицинскиот факултет “Џон Хопкинс“ велат дека идентификувале неколку протеини што прецизно контролираат кога клетките за откривање на звук, познати како “влакно клетки“, се појавуваат во внатрешното уво кај цицачите, пишува Science Daily.
Протеините може да бидат клучни за идните терапии со кои ќе може за се врати слухот кај луѓе со неповратна загуба на слух.
“Научниците веќе долго време бараа молекуларни сигнали што го активираат формирањето на “влакно клетките“ што чувствуваат и пренесуваат звук“, вели Ангелика Детлхофер, вонреден професор по невронаука на Универзитетот “Џон Хопкинс“.
„Овие клетки се главен играч во губење на слухот и со тоа што ќе знаеме повеќе околу тоа како тие се развиваат, ќе ни помогне да дознаеме начини за замена на оние клетки што се оштетени“, додава таа.
Со цел цицачите да слушаат, звучните вибрации патуваат низ шуплива структура во облик на полжав, наречена кохлеа. Структурата во внатрешноста на кохлеата е составена од два вида клетки за откривање на звук, внатрешни и надворешни “влакно клетки“, кои пренесуваат звучни информации до мозокот.
Околу 90% од генетското губење на слухот е предизвикано од проблеми со овие клетки или оштетување на аудитивните нерви кои ги поврзуваат клетките со мозокот. Загубата на слух поради изложеност на гласни звуци или одредени вирусни инфекции произлегува од оштетување на овој тип на клетки.
За разлика од другите цицачи и птици, човечките “влакно клетки“ не можат да се регенерираат. Значи, откако тие ќе оштетат, губењето на слухот најверојатно е трајно.
Поврзани артикли