Тим научници од Јужна Кореја и САД пронајдоа уред кој може да контролира нервни клетки, со помош на мал имплантант на мозокот, контролиран од смартфон, пишува Science Daily.
Истражувачите веруваат дека уредот може да ги забрза напорите за откривање на мозочни заболувања како што се Паркинсон, Алцхајмерова болест, зависност, депресија и болка.
Уредот, користејќи заменски коцки налик на популарните Лего, и Bluetooth врска со мала моќност, може да таргетира специфични неврони.
„Безжичниот нервен уред овозможува хронична хемиска и оптичка невромодулација, нешто што досега не било постигнато“, рече главниот автор Раза Кази, истражувач во Корејскиот напреден институт за наука и технологија (КАИСТ) и Универзитетот Болдер во Колорадо.