Huawei аплицираше за неколку трговски марки во Канцеларијата за интелектуална сопственост во Велика Британија. Имињата најверојатно би се користеле за телефони, а станува збор за P300, P400 и P500. Исто така, ова претставува разлика од двата броја користени досега во името на Р-Серијата на компанијата за flagship телефоните од високата класа.

Именувањето на телефоните на Huawei беше малку збунувачко во минатото, додека сериите P и Mate беа логични. Во 2017 година, P10 го замени P9, а следната година Huawei се определи за P20 наместо за P11, што на крајот нè доведе до сегашниот модел P30.huawei2_192.jpg

Останува да се види што компанијата има во план по P300 моделот, а Huawei би можел да се одлучи и за сосема други називи за наредната серија на телефони.