Facebook подготвува нови измени во услугите кои се сопственост на компанијата, во вид на ново брендирање на називите. Се навестува дека вработените во Facebook ќе бидат известени дека компанијата ќе го додаде своето име на Инстаграм и WhatsApp. Популарните услуги во иднина ќе бидат познати како Instagram from Facebook и WhatsApp from Facebook.
Официјален претставник на Facebook ги потврди овие измени, истакнувајќи дека компанијата сака да биде потранспарентна во однос на тоа кои производи и услуги се дел од Facebook.
Овој потег не е воопшто изненадувачки, бидејќи новото брендирање беше забележано уште во март. Интересно е што основачите на двете услуги (Instagram и WhatsApp) ја напуштија екипата на Facebook минатата есен, а сега производите што ги создадоа ќе бидат видливо поврзани со Facebook.