Toshiba Memory Europe најави две нови M.2 NVMe SSD, со 96-слојна TLC NAND меморија, SLC cache и PCIe 3.0 x4 можности, за да овозможи исклучителни перформанси за гејмерите и ентузијастите.
RD500 е врвен SSD, има осум-канален контролер на меморија, со капацитети помеѓу 500GB и 2TB, и испорачува секвенцијални брзини за читање и запишување податоци од 3400 MB/s и 3200 MB/s, односно до 685,000 IOPS и до 625,000 IOPS за случајни брзини.
RC500 е ориентиран за поширокиот пазар, со четири канален контролер. SSD испорачува брзина на читање до 1700 MB/s и брзина на впишување до 1600 MB/s. Овие модели се достапни во капацитети од 250GB, 500GB и 1TB.
Toshiba RD500 и RC500 Gaming Series M.2 NVMe SSD -картичките доаѓаат во стандарден формат M.2 2280 и ќе бидат достапни од Q4.