HTC во мај објави ажурирање на Android Pie за HTC U11 корисниците во Тајван. Сега производителот ја прошири достапноста на Pie за корисниците на U11 во Европа.
Ажурирањето ја спроведува верзијата 3.31.401.1 и големо е 1.31 GB. Покрај вообичаените одлики на Android Pie, новата верзија носи и подобрувања во системот и го отстранува Google+ од BlinkFeed.
Ажурирањето во моментот е забележано во Швајцарија, Белгија и Италија.
Поврзани артикли