Производството на паметни телефони се префрла од Кина во Виетнам

Затегнатите трговски односи меѓу САД и Кина во последните неколку месеци натераа многу компании да ја променат својата стратегија во однос на производството и продажбата на паметните телефони, пишува Digital.bg

Тековниот конфликт, исто така, обезбеди историска можност помалите земји да станат технолошки центри во Азија. Доколку една компанија не сака да ги произведува своите уреди во Кина, другите земји на континентот, како на пример Индија, се чинат како логичен избор. Сепак, конзервативната влада на Индија ги попречува плановите на големите компании.

Сето ова ги принудува најголемите технолошки компании во светот да го свртат вниманието кон уште поегзотични дестинации и земји како Тајланд, Индонезија и Виетнам, пренесува TechSpot. Сепак, третата земја на оваа листа е најпогодна за производство на паметни телефони во големи количини и по пристапни цени. Локалните производители во Виетнам веќе започнаа преговори со технолошки гиганти и се разговараат за опциите за зголемување на нивниот достапен производствен капацитет.

Еден од проблемите со кои тие треба да се справат е цената на материјалите за производство на хардвер. На пример, пластиката е меѓу 5 и 10% поскапа во Виетнам отколку во Кина. Слична е состојбата со другите клучни материјали. Сепак, виетнамската влада работи напорно за изградба на потребната инфраструктура и склучување трговски договори со ЕУ.