Siri редовно снима приватни и доверливи разговори и активности, вклучително и разговори во врска со медицински состојби, зделки со лекови и сексуални акти, пишува ZDNet.
Guardian известува дека неименуван свиркач ја изнел ситуацијата, во која изведувачите кои работат за производителот на iPad и iPhone редовно ги слушаат интеракциите на Siri, како дел од нивната работа, оценувајќи го гласовниот асистент.
Вработените имаат задача да оценат како Siri реагира на командите и дали е искористен точниот збор за будење, односно „Hey Siri“, пред да се вклучи снимањето, а честопати слушаат и експлицитни снимки, кои случајно се зачувуваат кога асистентот погрешно ќе протолкува некој звук како збор за будење.
Извори велат дека на пример, звукот на патентот може да исто така да се протолкува како барање за будење. Според зборовите на свиркачот, постојат безброј примери на снимање разговори, па така има и такви помеѓу доктори и пациенти, деловни зделки и криминална и сексуална активност.