Долгоочекуваниот телефон Honor 9X беше достапен за купување за прв пат денес, една недела по официјалното претставување во Кина.
Првата „флеш“ продажба исто така се одржа во Кина, и ја покажа екстремната популарност на уредот. Според Honor, Honor 9X оствари заработка од 200 милиони јуани (околу 29 милиони долари) за само две минути. Ова значи дека во тој период биле продадени над 100.000 телефони (ако знаеме дека најскапиот модел чини околу 276 долари).
Во споредба со резултатите постигнати од Honor 8X, првиот флеш продажба на моделот Honor 9X забележа раст од 200 проценти во приходите од продажба. Ова му донесе и на телефонот насловот на најбрзо продаваниот телефон во комплетната досега серија X.
Останува да се види дали Honor 9X ќе може да ја надмине продажбата од два милиони модели што Huawei Nova 5 серијата ги постигна еден месец по објавувањето. Вториот модел во серијата, Honor 9X Pro, ќе биде пласиран на пазарот од 9 август.