Иако неколку производители на Android веќе започнаа да нудат телефони кои поддржуваат 5G мрежи, Apple тоа ќе го направи на почетокот од следната година.
Аналитичарот Минг-Чи Куо сугерира дека целосната линија на iPhone модели во 2020 година ќе има поддршка за 5G мрежи.
Куо овој пат сугерира дека сите три модели, кои Apple ги најавува следната година, ќе имаат 5G модеми.
Аналитичарот претходно истакна дека само два од трите модели ќе пристигнат со поддршка од 5G. Тој посочува дека Apple најверојатно ќе се определи за овој потег поради конкуренцијата од Android и прифаќање на 5G поддршка во премиум сегментот.
Се разбира, Apple допрва треба официјално да потврди било каква информација за своите iPhone за 2020 година, но се верува дека трите модели ќе имаат OLED дисплеи од 5,4, 6,1 и 6,7 инчи.
Поврзани артикли