Секој возач најмалку еднаш неделно, ако не и почесто, се случува да заборави каде го паркирал автомобилот. А за да не потрошите драгоценото време шетајќи по паркингот, ви претставуваме едноставен начин секогаш да знаете каде е вашиот автомобил.
Едноставно, користете ја Google Maps апликацијата која доаѓа со секој Android оперативен систем.
Чекор 1
Кога ќе пронајдете совршено место за паркирање, отворете Google Maps за да ја видите вашата моментална локација – сината точка.
Чекор 2
Допрете ја сината точка, а во опциите кои ќе се појават одберете Save your parking. На овој начин ќе ја означите вашата моментална локација и местото каде автомобилот е паркиран.
Чекор 3
Уште еднаш проверете дали сте го обележале точното место на автомобилот со зумирање на мапата.
Чекор 4
Google Maps апликацијата ќе испрати порака во известувањата на вашиот телефон, а со нејзиното отворање брзо ќе го лоцирате вашиот паркинг простор.
Извор: Telegraf.rs