Неодамна на Geekbench се појави мистериозен уред на Samsung со Windows оперативен систем и осмојадрен CPU, а се сугерираше дека 2.84GHz тактот би можел да значи дека го покренува Snapdragon 855 чипсет. Потоа уредот се појави на Bluetooth SIG сертификација, по што Evan Blass (@evleaks) потврди дека Galaxy Book S во подготовка.
Geekbench листингот и Bluetooth сертификацијата не откриваат премногу. Тука е бројот на модел SM-W767, кој сугерира дека во прашање е наследник на Galaxy Book 2 и дека поддржува Bluetooth 5.0. Geekbench открива надградба од 4GB na 8GB RAM.
Потребно е да се истакне дека резултатите од Geekbench не се прецизни, бидејќи Samsung Galaxy Book S се уште е во фаза на тестирање, а ова го потврдува и фактот дека користи 32-битен оперативен систем.