Компанијата Apple купи мнозински удел во бизнисот со модеми на Intel во вредност од милијарда долари, соопштија синоќа двете компании. Сумата ќе биде исплатена во четвртиот квартал од 2019 година.
Според договорот, Apple станува сопственик на повеќе од 17 илјади патенти за безжични технологии, вклучувајќи и разни протоколи на стандарди за мобилна поврзаност и архитектури на модеми. Околу 2,200 вработени во Intel преминуваат во Apple, заедно со интелектуалната сопственост, опрема и закупи.
Intel продолжува со можноста да развива модеми за апликации неповрзани со паметните телефони како персонални компјутери, интернет поврзување на физичка техника и секојдневни апарати (Internet of things) и за безпилотни возила.
Дека Apple преговара со Intel за откуп на бизнисот за производство на 5Г модеми за паметни телефони неделава соопшти и „Волстри Журнал“, повикувајќи се на свои извори. Според весникот, зделката за Apple е од стратегиски карактер за да постигне лидерство во разработката и пенетрацијата на 5Г-технологии.
Се проценува дека зделката е погодна за Intel која на тој начин успеала да се ослободи од производство што прави загуби. Според весникот, за развојни цели поврзани со паметни телефони компанијата годишно прави загуба од милијарда долари. Со договорот, Intel е подготвена да се откаже од производството на модеми за смартфони за да се фокусира на разработка на 5Г-технологии за друга техника и апарати.