Откако компанијата Apple прв пат го лансираше Apple Watch, одлучено беше да се поработи на луксузниот модел од 18-каратно злато, кој би чинел дури 10.000 илјади долари. Кога проектот конечно е реализиран се покажало дека нема да има значително влијание на приходот на компанијата, што влијаело на понатамошниот тек на настаните кога овој модел е во прашање.
Имено, според последните извештаи, продажбата застанала само по две недели од лансирањето, поради што компанијата одлучила да се откаже од златните модели, да се фокусира на керамиката која чини ,,само” илјада долари. Се чини дека ни продажбата на поевтиниот модел не се одвивала како што се очекувало, па во рамките на Apple Watch серијата 4 не се најавени лимитирани модели, што јасно укажува на крајот на овој експеримент на Apple. И покрај лошите проценки кога се луксузните модели во прашање, Apple Watch е на врвот на листата на паметни часовници, па во моментов е еден од најбараните модели кога овие уреди се во прашање.