Кај гејминг смартфоните, како Razer Phone 2 и Asus ROG Phone II, производителите користат дисплеи кои поддржуваат брзина на освежување до 120Hz. Ова резултира со полесен „гејмплеј“ дури и во акциските игри, кои се карактеризираат со голема динамика, но на сметка на повисока потрошувачка на енергија.
За споредба, повеќето паметни телефони во моментов користат панели со брзина на освежување на 60Hz, а OnePlus се потпре на 90Hz кај нивниот нов OnePlus 7 Pro модел.
Според информациите од Ice Universe (@universeIce), Apple исто така може да понуди нешто ново во оваа насока. Ова може да биде во форма на дисплеј со можност за префрлање помеѓу 120Hz и 60Hz на моделите на iPhone во 2020 година.
За таа цел, компанијата разговара со добавувачите на OLED панели Samsung и LG. Во моментов, дел од iPad Pro таблетите имаат ProMotion дисплеи кои поддржуваат фреквенција до 120Hz и се приспособуваат со софтверски алгоритми во зависност од визуелизираната содржина.
Поврзани артикли