Дали некогаш сте се нашле надвор кога одеднаш почнува да врне и не можете да го најдете вашиот чадор? За да не ве изненади дождот и во вакви летни денови, се погрижи дизајнерот Емил Норландер со неговиот ранец кој има и чадор кој се отвора автоматски – на копче.
„Идејата за овој проект дојде одамна. Сакав да направам чадор кој е активиран со сензор за сам да регистрира дожд. Иако ова беше одлична идеја, бидејќи ги сакам механичките аспекти, решив да го направам целосно механички и поставен на грбот во вид на ранец. Механизмот е скриен во внатрешноста на ранецот, а од надвор има само чадор и рака која го движи. Има и црвена лента која кога ќе ја повлечете, иглата се извлекува со брзо ослободување, а чадорот се отвора автоматски над главата“, вели Емил.