Уште еден пример дека забавата може да донесе и некои сериозни проблеми.
Апликацијата FaceApp која повторно стана вирална поради тоа што неверојатно реално ги менува вашите фотографии и покажува како ќе изгледате како повозрасни или како помлади.
Сепак, покрај добрата забава изгледа дека оваа апликација има своја сериозна мрачна страна.
Џошуа Нози забележал нешто крајно необично кога за првпат ја активирал оваа апликација. Еднаш кога ѝ дал дозвола да пристапи на неговите фотографии, апликацијата почнала полако да ги прелистува ред по ред.
Во тој момент тој веднаш активирал Airplane Mode на својот телефон и сите фотографии во истиот момент се појавиле. Меѓутоа, „FaceApp“ не му дозволила да избере фотографија која тој сака затоа што во тој момент бил онлајн.
https://twitter.com/JoshuaNozzi/status/1150962227433943040?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1150962227433943040&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F313447%2Fsite-poludea-po-novata-aplikacija-faceapp-no-taa-krie-mracna-strana-poradi-koja-treba-da-bidete-vnimatelni
Поради тоа Нози верува дека тоа е јасен знак дека FaceApp ги аплоудува вашите фотографии.
„Бидете внимателни со оваа апликација. Таа во истиот момент ги аплоудува вашите фотографии без никакво известување, сакале вие или не“ – напишал на Twitter.
Самите правила на користење на апликацијата FaceApp се нејасни и во нив стои дека ги “собира“ содржините како што се фотографии и други материјали кои ги споделувате преку неа.
Поради сето ова многу е важно да бидете внимателни со апликацијата FaceApp која молскавично стана вирална.
И додека нејзиното користење е многу забавно секогаш постои шанса дека позади целата таа забава стои нешто мрачно кое во иднина може да ве чини многу скапо.
Извор: Telegraf.rs