Oppo Reno е претставен не толку одамна, заедно со Reno 10x zoom моделот, а двата модели имаат интригантни pop-up камери во форма на триаголник. Ова е еден од најновите уреди кој се најде на тестот на популарниот YouTube канал JerryRigEverything, а ни дава увид во тоа колку Oppo Reno е отпорен.
Тестот за гребење не открива ништо невообичаено – тука е Gorilla Glass заштитата која видливите ознаки од гребење ги прикажува на слични нивоа на Мосовата скала, без оглед на тоа кој телефон е во прашање. Тестот за палење на AMOLED екранот, пикселите ги претвора во бело по околу 30 секунди, по што не се обновуваат.
На крај, најважниот тест на виткање, го покажува вистински отпор на телефонот Oppo Reno, а како уредот се снајде во овој елемент погледнете во горното видео.
Извор: PC Press.rs