По долг период на развој, новата редизајнирана веб-страница Twitter.com почнува да пристигнува до корисниците. Месеци откако го најавуваше, Twitter сега објави дека го овозможува новиот сајт глобално, а на корисниците ќе им пружи искуство со побрз и полесен преглед на содржини и повеќе опции за прилагодување.
Покрај олеснувањето на следење на разговорот, Twitter истакнува дека целта со овој ажуриран изглед е да се овозможи поконстантно искуство во споредба со она што се користи на мобилните уреди. Поради тоа, надградбата ќе овозможи полесен пристап до функциите како што се Explore, Bookmarks, Lists, Direct Messages и профилот на корисникот.
Twitter, исто така, знае дека постојат корисници со повеќе профили, па овозможува полесно префрлање помеѓу профили преку навигацијата од страна. Додадени се и новите Dim и Lights Out темни теми, заедно со опциите на бои за да се персонализираат профилите.