Samsung на годишно ниво поднесува барања за голем број патенти кои можат или не мораат да се најдат на идните уреди на компанијата или технологии. Овој пат, јужнокорејскиот гигант патентираше ефективни решенија за обезбедување на најголема можна површина на екранот на теелфонот, кој е можно да се смести во џеб.
Пријавата за патент дизајнот ја поднесе Samsung Electronics, кон крајот на 2018. година, кај KIPO (Korean Intellectual Property Office). Патентот е одобрен кон крајот на мај, а објавен е јавно на 24. јуни оваа година.
Во рамките на патентот се наоѓаат и 14 скици, на кои е можно да се види модерниот дизајн на уредот, со таканаречениот edge дисплеј на компанијата Samsung. Специјална карактеристика на овој модел е што може да ја прошири ширината на телефонот, по што површината на екранот се зголемува за околу 50 проценти.
Со оглед на тоа дека се работи за дизајн патент, не постои детален опис, кој дава одговори на прашањата, како ваквиот смартфон ќе се користи. Фотографиите покажуваат дека екранот од десната страна е зголемен, додека флексибилниот дисплеј останува заштитен од екстерните влијанија.
Она што се истакнува кај дизајнот е и punch-hole системот за камера, кој е сместен во средина на горниот дел од екранот. Тоа значи дека овој дел од екранот нема да може да се поместува. Патентот не споменува колку леќи на камерата се користат, а за потребите на 3D рендерите, сајтот LetsGoDigital се определи за системот кој Samsung моментно го применува на своите премиум модели.
Поврзани артикли