Huawei веќе потврди дека планира да одржи конференција за програмери во Songshan Lake, Dongguan, помеѓу 9. и 11. август. Една од најважните точки на Huawei Developer Conference 2019 ќе биде новата верзија на нивниот интерфејс за паметни телефони.
Кинескиот производител ја ажурираше својата веб-страница со дополнителни информации за HDC 2019, што потврдува дека ќе го видиме EMUI 10 за прв пат во текот на настанот. Според податоците, еден од слоганите на Huawei, кој ќе го промовира својот нов производ е „Linking Things To The Future – Huawei EMUI 10“. Во оваа фаза, немаме официјални информации за подобрувањата што ќе ги видиме во ЕMUI 10. Сепак, интерфејсот се очекува да се заснова на сосема поинаков јазик за дизајн.
Исто така, треба да се забележи дека EMUI 10 ќе се базира на Android Q, што значи дека ќе понуди многу опции во новата платформа. Ажурирањето ќе се карактеризира со функција „Smart Reply“, промени во панелот за брзо поставување, оптимизиран систем за екстензии, споделување преку Wi-Fi со QR код, режим на „Dark Mode“ режим итн. Подобрувањата во софтверот ќе обезбедат побрзa rabota, како и помала потрошувачка на енергија, а наскоро ќе doznaeme повеќе за можностите на EMUI 10.
Поврзани артикли