Иако денес изгледа неверојатно, се до скоро немавме доверливи докази дека надвор од нашиот Соларен систем постојат други планети, попознати како егзопланети. Првата била откриена дури во 1992. година, а оттогаш листата се зголемуваше, и нови светови биле додавани на листата на далечни планети.
Во текот на последната деценија, со помош на неодамна пензионираниот телескоп Kepler Space се забрзаа откритијата, па во јуни 2019. година, листата достигна 4000 планети. Тоа е големо достигнување за периодот кој е пократок од еден човечки живот, па NASA во таа чест одлучи да објави видео, кое илустрира каде и кога била откриена некоја егзопланета.
Откако Kepler телескопот ја заврши својата мисија во 2018. година, неговата улога ја презема Transiting Exoplanet Survey Satellite (TESS), и веќе откри 700 нови кандидати, кои би требало да ја понесат титулата новооткриени планети. Се очекува до крајот на годината во вселената да се најде и European Characterizing Exoplanets Satellite (CHEOPS), додека James Webb Space телескопот на NASA во мисијата би требало да се вклучи до 2021. година. Инструментите нема да служат само за детектирање на потенцијалните егзопланети, туку ќе бидат во состојба и да одредат во каква состојба се, и дали имаат услови кои би можеле да поддржат живот како на Земјата.